Kia EV9 GT ќе пристигне во јануари следната година

од Vladimir Zorba

Спортската GT верзија на електричниот Kia EV9 е официјално потврдена за јануари 2025 година.

Претседателот и извршен директор на Kia, Хо Сунг Сонг лани го најави лансирањето на моделот EV9 GT за 2025 година, но сега е прецизирано дека тоа ќе биде во јануари, а објавени се и неколку детали за автомобилот.

Од Kia најавуваат дека идниот EV9 GT ќе има „огромна моќ“, два електромотори, погон на четири тркала и забрзување од 0 до 100 km/h за само 4 секунди.

Останува прашањето дали EV9 GT ќе ги надмине бројките од 429 kW/576 КС и 738 Nm пронајдени во EV6 GT.

Идниот EV9 GT ќе биде опремен и со модифицирана суспензија и електронски систем за сопирање за да обезбеди стабилни перформанси при возење при големи брзини.

Дополнително, автомобилот ќе добие нов комплет алуминиумски тркала и поагресивна аеро каросерија.

Kia се обврза да лансира GT верзии на целата своја ЕВ линија, која ќе нуди чувство на „забавно возење“ и „ненапорно управување“.

Покрај EV9 GT, компанијата потврди дека фејслифтирана верзија на EV6 GT ќе дебитира во четвртиот квартал од 2024 година, по дебито на фејслифтираниот кросовер EV6 во вториот квартал.

Други големи лансирања за оваа година вклучуваат субкомпактен SUV EV3 закажан за третиот квартал и фејслифтираниот Sportage што треба да пристигне во четвртиот квартал.

Слични содржини