Тухел сака да биде тренер на Барселона

омас Тухел, ако не ја освои титулата во Бундеслигата, веројатно ќе го напушти Баерн по завршувањето на сезоната. Големи се шансите ова да се случи бидејќи Баерн е на втората позиција во шампионатото со пет поени помалку од Баер Леверкузен.

Тухел со Баерн во Лигата на шампионите вечерва во осминафиналето игра против Лацио. Сезоната за Баерн ќе биде крајно неуспешна доколку клубот барем не ја освои Бундеслигата, откако клубот преходно сензационално беше елиминиран од домашниот Куп.

Некои шпански медиуми пишуваат дека Тухел би сакал да ја води Барселона, па веќе му ги понудил своите услуги на Џоан Лапорта.

Раководството на Барселона го сака Чаби Алонсо, за нов тренер, но со оглед на тоа дека тој е поранешен играч на Реал и дека за него се распрашува Ливерпул, минорни се шансите тој да заврши во Каталонија.

Тухел е нешто помалку од една година во Баерн. Тој го наследи Јулијан Нагелсман и ја освои Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО