Хроника

Зелениково: Возач и сопатник повредени откако излетале со автомобил од пат

Зелениково: Возач и сопатник повредени откако излетале со автомобил од пат

На 03.04.2025 околу 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Зелениково-с.Гумалево патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(72) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(68) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

To top