Поврзете се со нас

Англија

Пораз кој боли: Кристал Палас го понижи Јунајтед на „Селхрст Парк“(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Манчестер Јунајтед доживеа убедлив пораз од Кристал Палас од 4-0 на вечерашното соочување на „Селхрст Парк“ со кое беше затворено 36. коло во Премиер лигата.

Јунајтед се соочи со многу проблеми околу играчкиот кадар кога е во прашање овој натпревар за кој отпадна и Фернандеш, поточно тој им се приклучи на Мегваер, Мартинез, Мектоминеј, Варан, Шо, Рашфорд, Линделоф…кои беа недостапни, но без разлика на се никој не очекуваше ваков потоп на „црвените ѓаволи“ во Лондон.

Се започна со голот на Олис во 12 минута, резултат кој беше активен до 40 кога Матета зголеми на 2-0.

Во вториот дел од 58 до 66 минута домаќините постигнаа уште два гола преку Мичел и Олис за огромна радост на навивачите кои сигурно ќе го паметат овој ден.

Палас сега има 43 бода е на 14. место на табелата, Јунајтед кој сега веќе има негативна гол разлика (52/55) е на осмото место во Англија.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни