Вести Македонија Топ вести

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Бараа продолжување на рокот за пријава, но на избори излегоа само половината од пријавените. Избирачките одбори, за кои државата троши милиони денари, на гласачките места бројат едноцифрени бројки на гласачки ливчиња.

Тројца од десетмината испратени во Мадрид седеле со скрстени раце, затоа што на гласање дошле само 7 од пријавените 18 лица.

Многу повеќе пари се потрошени за гласањето во Пекинг, главниот град на Кина, каде исто така заминале десетмина од избирачкиот одбор кои таму ќе поминат две недели на државен трошок, затоа што е поевтино отколку да се враќаат и одат повторно. Сместувањето, храната и дневниците им се на државен трошок, но и таму еден од нив немал работа. Од пријавените 12 мина, на гласање дошле само 9 лица. Еден од нив го згрешил и ливчето.

Едноцифрен број на гласови има и во далечниот Детроит, во САД. Гласале 9 од пријавени 34 гласачи. Во амбасадата во Рим, од 30 пријавени, биле пополнети само 9 гласачки ливчиња.

Да се пријавеле само толку колку што гласале, гласање немало ни да се организира во овие држави.

Од 2.569 пријавени избирачи низ целиот свет, излегле само 1.020. Причините за слабиот интерес, според директорот на Агенцијата за иселеништво се различни. Од тоа дека тие веќе изградиле свој живот во странство и не се заинтересирани за матичната држава, до проблемите со денот и начинот на гласање.

Близнаковски смета дека решение за овој проблем има, но е потребна волја.

Европските земји имаат различни начини за гласање на дијаспората. Иселениците од  Естонија веќе 20 години гласаат електронски. Тие од Финска гласаат преку пошта, во ДКП ата, па дури и на финските бродови кои се наоѓаат во странство. Слична е изборната регулатива и во Шведска, со тоа што Швеѓаните во дијаспората имаат право да гласаат во шведските цркви во странство.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Шкотска има нов премиер ,втор во рок една недела

Дејан Дејан

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе