Ваков потоп на англиските екипи во Европа немало во последните девет години

Во три од последните пет години, екипи од англиската Премиер лига ја освојуваше Лигата на шампиони. Ливерпул беше првак во 2019, Челзи во 2021, а Манчестер сити уште кратко време ќе го има приматот на континентален владетел.

Јасно е дека оваа година шампионот нема да биде од Англија, затоа што во полуфиналето нема ниеден тим од Премиер лигата. Не само што нема ниеден преставник меѓу најдобрите четири во ЛШ, Англија остана без свој преставник и во Лигата на Европа.

Ливерпул беше елиминиран од Аталанта, а Вест хем не можеше да го изненади новиот германски првак Баер Леверкузен. Честа на англискиот фудбал останува да ја брани само Астон вила. Тимот од Бирмингем кој е на четвртото место во домашниот шампионат ќе игра во полуфиналето од Конференциската лига на УЕФА. Астон вила се намачи и дури на пенали го елиминираше Лил, па останува да биде единствен англиски преставник во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести