Таравари ја презентираше програмата преку спортски активности

Таравари ја презентираше програмата преку спортски активности

Кандидатот за претседател од коалицијата  ВРЕДИ, Арбен Таравари со подмладокот на коалицијата во Врапчиште преку спортски активности ја презентираше програмата. Тој разговараше со младите за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат.

Денеска продолжуваме со кампањата со малку поинаква активност. На иницијатива на Форумот на млади ВЛЕН во огранокот Врапчиште организиравме спортска активност, со велосипеди. Ќе се движиме низ некои патеки кои се интересни и многу пријатни во овој регион. Верувам дека ќе се сретнеме со други луѓе, ќе разговараме и ќе ја расплетуваме нашата програма. Пред се ќе разговараме со младите за нивните проблеми, маки и предизвици. Така, денес во кампања сме со малку поинаков начин од другите денови“ – изјави на Арбен Таравари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста