Антонов: Америка ја претвори Украина во полигон за воени биолошки програми

од Vladimir Zorba

САД ја претворија Украина во полигон за незаконско спроведување на воено-биолошки програми, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.

Според неговите зборови, „САД воопшто не се срамат што токму тие практично целосно ја уништија архитектурата на контролата на оружјето, разоружувањето и неширењето“ што се градеше со децении. Како што истакна, јавна тајна е континуираното кршење на Договорот за неширење нуклеарно оружје преку складирање на американско тактичко нуклеарно оружје во Европа.

– Пентагон целосно ја претвори Украина во полигон за незаконско спроведување на воено-биолошки програми. Непредвидливоста расте во азиско-пацифичкиот регион со оглед на дестабилизирачките планови на американската војска да распореди таму ракети со среден и краток дострел до крајот на 2024 година. Деструктивното влијание на САД допира до вселената – рече рускиот амбасадор.

Тој истакна дека нивните стратези се обидуваат да ја обвинат Русија дека има намера да распореди нуклеарно оружје во вселената, за да ги оправдаат нивните воени планови во орбитата.

Според Антонов, Вашингтон од година во година се позиционира како беспрекорен чувар на „писмото и духот“ на сите клучни договори во врска со контролата на оружјето, разоружувањето и неширењето.

– Се осмелија да им даваат менторски „оценки“ на другите, особено на оние кои се „осмелиле“ цврсто да ги бранат своите суверени интереси во сферата на националната безбедност – рече рускиот амбасадор.

Претходно Стејт департментот испрати извештај до Конгресот за почитување на договорите во сферата на контрола на оружјето, неширење и разоружување. Во него се наведува дека американската администрација е подготвена да се откаже од претходно преземените контрамерки во однос на Договорот за намалување на стратешкото офанзивно оружје, доколку Русија се врати на исполнување на своите обврски.

Слични содржини