Поврзете се со нас

Свет

„Украдената“ мундијалска „Златна топка“ на Марадона ќе биде понудена на аукција

Објавено

на

Фото: FIFA.com

Мундијалската „Златна топка“ на Диего Армандо Марадона, која долго се сметаше за украдена, ќе се појави во понудата на позната француска аукциска куќа на аукција закажана за 6. јуни.

Вредниот индивидуален трофеј заслужено му припадна на Марадона откако аргентинската легенда ја одведе својата репрезентација до победа на Светското првенство во 1986 година, а Диего најмногу е запаметен по еден спектакуларен и еден контроверзен погодок во четвртфиналето против Англија.

– Постојат многу приказни и легенди, вклучувајќи ја таа дека трофејот бил украден од мафијата поради златото.

– Ги направивме потребните проверки и имавме комуникација со производителот, сметаме дека се работи за автентичен предмет. Го имаме отприлика една година, – рекол претставник на аукциската куќа.

Според истиот извор, анонимен купувач ја обезбедил мундијалската „Златна топка“ заедно со други предмети и на почетокот не бил свесен што имал во своите раце. Преку Интернет сфатил дека се работи за тоа признание, по што имал неуспешен обид да ги контактира ФИФА и Марадона.

Дресот кој го носеше Марадона и топката од легендарниот натпревар со Англија претходно се продадени за милионски суми, па со право се очекува и признанието да донесе слична цена изразена во милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни