Во Киелце бесни на судиите: Душебајев и Карачиќ на колена, но се е попусто (видео)

Суперинтересна беше пенал-завршницата меѓу Магдебург и Киелце откако европскиот првак во голема драма успеа да се пласира на Ф4 во Келн, но во таборот на полскиот првак се бесни на судиите од Шведска поради последната акција во регуларниот дел од мечот.

Гол за Киелце ќе значеше и билет за фајналфор, Дани Душебајев успеа во вистински момент да испрати топка на пивот до осамениот Каралек, но судиите ги шокираа Полјаците досудувајќи девет метри наместо да пуштат акцијата да продолжи.

Во Киелце беа шокирани, Игор Карачиќ падна на колена пред арбитрите, на средина од теренот истото го стори и тренерот Душебајв, но се беше попусто, одлуката остана иста, а Магдебург во пенал-рулетот се пласираше на фајналфор турнирот од Лигата на Шампионите.

Погледнете ја спорната одлука од мечот во Германија и самите проценете…

Се вчитува...