20 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучници: Консумирањето на оваа храна може да го намали ризикот од деменција...

Научници: Консумирањето на оваа храна може да го намали ризикот од деменција до 28 проценти

Деменцијата не е специфична болест, туку општ термин за нарушена способност за паметење, размислување или донесување одлуки што го попречува извршувањето на секојдневните активности. Иако деменцијата најмногу ги погодува постарите лица, таа не е дел од нормалното стареење. Значи, постојат голем број фактори кои можат да го зголемат или намалат ризикот од деменција, а еден од нив е исхраната.

Студијата, претставена на состанокот NUTRITION 2023 на Американското здружение за исхрана, покажа дека потрошувачката на одредени видови храна всушност може да го намали ризикот од деменција до 28 проценти. Заменувањето на сончогледовото масло или путерот со иста количина на маслиново масло може да ги подобри нашите шанси против оваа состојба.

Според студијата, потрошувачката на маслиново масло е поврзана со 8 до 14 отсто помал ризик од смрт поврзана со деменција. Покрај тоа, студијата покажа дека додавањето повеќе маслиново масло во исхраната може да има корист за целокупното здравје кога станува збор за деменција.

Истражувачите откриле дека луѓето кои консумираат повеќе од половина лажица маслиново масло дневно имаат 28 отсто помал ризик од смрт од деменција, во споредба со оние кои никогаш или ретко го консумирале.

Водачот на студијата на Харвард и диететичарката Ен-Џули Теси, изјави за Healthline дека луѓето кои користат маслиново масло за готвење имаат тенденција да практикуваат поздрави навики во исхраната.

Но, изненадувачки, се чини дека маслиновото масло го намалува ризикот од смрт поврзана со деменција, без оглед на тоа колку добро луѓето следат здрава исхрана, покажа студијата.

“Нашата студија помага да се поддржат актуелните диететски упатства кои препорачуваат избор на растителни масла, како што е маслиновото масло. Покрај оваа промена во исхраната која придонесува за здравјето на срцето, нашето истражување покажува дека исто така може да има позитивен ефект врз когнитивната функција”, додаде д-р. Теси.

Затоа, таа советува да вклучите повеќе маслиново масло во исхраната. Сепак, таа заклучува дека се потребни повеќе студии за да се потврди врската помеѓу потрошувачката на маслиново масло и деменцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП