Вести Македонија Топ вести

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово

Во Брисел денеска ќе продолжат разговорите во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а се очекува повторно главна тема да биде одлуката на Централна банка на Косово да ја забрани употребата на динарот во Косово.

Тоа е петтата рунда од дијалогот за оваа одлука на официјална Приштина.

Одиме со надеж дека ќе најдеме решение за динарот, иако не сум оптимист, имајќи ја предвид неподготвеноста на Приштина да бара решенија преку компромис, рече Петар Петковиќ, директор на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија.

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во понеделникот изјави дека ќе биде домаќин на главните преговарачи на Белград и Приштина подоцна оваа недела за нова рунда разговори, со цел да се најде привремено решение за луѓето засегнати од одлуката на Централната банка на Косово да го укине динарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе