Жестока тепачка на натпреварот во Минеаполис, помеѓу Минесота Тимбервулфс и Орландо Меџик ја обележа ноќта во НБА лигата. Минесота Тимбервулфс на домашен терен беа поразени од Орландо Меџик со резултат 127:120.

Се започна со расправијата меѓу Остин Риверс, и центарот на Орландо, Мое Бамба, која речиси сигурно ќе завршеше и со поголем инцидент доколку не се вмешаа нивните соиграчи.

Покрај двајцата актери споменати во инцидентот, исклучени се и Џејлен Сугс од Орландо, како и крилните играчи на Минесота, Торијан Принс и Џејден МекДаниелс.

Прикажи повеќе