Најдобриот играч на Реал се повреди против Жирона

Офанзивниот фудбалер за врска на Реал Мадрид, Џуд Белингем, заработи повреда на вчерашниот меч со Џирона во Примера Дивизион и ќе мора да оди на детални лекарски прегледи, објави денеска официјалниот сајт на „кралевите“. Англискиот фудбалер бешезаменет во 57. минута од натпреварот поради проблеми со зглобот.

Тој само три минути претходно го постигна третиот гол за неговиот тим. Белингем во сезонава има 29 натпревари во сите конкуренции со ефект од 20 гола и осум асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото во 2029 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО