МЗТ Скопје и покрај поразот се избори за полуфинале во АБА 2

од Симе Стоиков

КК МЗТ Скопје го претрпеа сигурно најслаткиот пораз сезонава и тоа на гостувањето кај Широки (68-70), бидејќи на оваа средба ниту од далеку не ни беше загрозена предноста од 16 поени од првиот меч во Скопје, а со тоа не ни беше загрозен пласманот во полуфиналето од АБА 2 лигата.

Аеродромци беа „ладни како шприцер“ во целиот меч, па не го изгубија фокусот ниту во кратките моменти кога противникот имаше двоцифрена предност, туку само уфрлија во „петта брзина“ и брзо се вратија во позиција сами да го контролираат резултатот.

Дамјан Стојановски овој пат погодуваше тројки кога беше најпотребно (вкупно четири), па средбата ја заврши со 13 поени, колку што имаше и неговиот брат Војдан. Најефикасен беше Харис Делалиќ со 18 поени.

Противник на македонскиот шампион за место во финалето од ова регионално натпреварување ќе ни биде Спартак Суботица. Се игра според истиот принцип дома-гости, а првиот меч ќе се одигра најверојатно на 23 април (вторник) во „Јане Сандански“.

Слични содржини