Регион

БиХ: „Бинго“ влегува на пазарот на големо со нафтени деривати

03 фев 2023

Најголемиот трговец на мало во Босна и Херцеговина, „Бинго“, сериозно влегува во нафтениот бизнис, пишува Indikator.ba.

Откако во октомври минатата година отвори бензинска пумпа во близина на седиштето во Тузла, компанијата одлучи да влезе на пазарот на големо со нафтени деривати.

Регулаторната комисија за енергетика во Федерацијата Босна и Херцеговина (ФЕРК) вдонесе предлог-дозвола за работа за трговија на големо со нафтени деривати за компанијата „Бинго петрол“.

„Бинго“, кој е најпознат по својот синџир на продавници, моментално има 224, сè повеќе го диверзифицира своето портфолио. Групацијата поседува дваесетина компании, од кои десет се производствени, а меѓу производните активности се живинарската индустрија, производството на хигиенска хартија, текстилната индустрија, рударството, производството на пиво и безалкохолни пијалаци и други. Групацијата има повеќе од 9.000 вработени.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...