Никој не примети веднаш: Првиот голман на Мароко ја пееше химната пред мечот, но не бранеше против Белгија

Мароко успеа да приреди ново изненадување со победата над Белгија од 2:0 во рамки на групата Ф од СП во Катар, но пред почетокот на средбата се случи најбизарниот момент на Мундијалот.

Првиот голман на Мароко, Боно, се појави на теренот на „Ал Тумама“ стадионот во Доха, ог одработи загревањето и ја испеа химната заедно со своите соиграчи, но потоа го снема.

Натпреварот започна, а во првите моменти никој не забележа дека на голот на Мароко не е Боно, туку Мунир.

Дури и коментаторот на Би-би-си, речиси до половина од првото полувреме не примети дека Боно не е на голот на Мароко.

На полувремето беше откриено дека Боно се пожалил на повреда пред да започне натпреварот по што селекторот Валид Реграгуи, направи замена во последен момент и на гол линијата го стави Мунир.

- Оглас -

Најнови вести