Кошаркарите на Партизан запишаа нов пораз во Евролигата откако вечерва загубија на гостувањето во Истанбул, кај Анадолу Ефес со 86-77.
Гостите од Белград феноменално го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа позитива од седум поени 20-27. Домашниот тим заигра за нијанса подобро во вториот период, па до паузата успеаја да намалат два поени од негативата (33-38).
Откако во третиот период турскиот великан намали уште два поени од негативата (58-61), исто и како против вториот српски тим, повторно одигра Ефес неверојатно во последниот период што беше доволно за конечен триумф од 86-77.
Османи со 25 поени беше убедливо најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Тајрик Џоунс заврши со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА