Лукаревска: Првпат имаме две политички страни и во албанскиот блок

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека за првпат имаме две политички страни и во албанскиот блок.

„За првпат имаме две политички страни и во албанскиот блок. Затоа што беше доста претпознатливо дека во македонскиот блок ги имаме сдсм и ВМРО-ДПМНЕ, а во албанскиот блок ја имавме ДУИ како една од посилните партии, и некои соодветни политички партии. Сега има окрупнет сојуз на двете страни“, вели Лукаревска.

Според неа, интересна ќе биде битката и таму, и во макеоднскиот блок.

„Можам да кажам дека овој пат споредбено со други циклуси кои сме ги имале на парламентарни избори, имаме многуи нови политички субјекти, но имаме окрупнети политички субјекти, и најважно е дека последните избори 2020 парламентарни беа во сосем други услови, во коронакриза, немаше митинзи, немаше контакти со граѓаните, повеќе се комуницираше виртуелно. Сега веќе е поинаку“, додаде Лукаревска.