Средби со дијаспората

Објавил: Калина Мартинска | 21 април, 2024 16:54

Касами од Швајцарија: Иселениците носат над 1 милијарда евра во Македонија, треба да ги почитуваме

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, на митингот на коалицијата „ВРЕДИ“ оддржан во Цирих, Швајцарија, пред иселениците изјави дека тие се најважниот дел од албанскиот народ и заслужуваат да бидат пречекани со гордост во својата татковина.

„Во Македонија носите повеќе од една милијарда евра годишно. Не заслужувате да ве малтретираат по 7-8 часа на граница со Србија, туку заслужувате да бидете пречекани со цвеќиња”, рече Касами.
Тој додаде дека промената што доаѓа, особено со масовата поддршка од дијаспората, не можат да ја спречат оние кои работат за Белград и Вучиќ.

„Вие го знаете познатиот и злочест план на кандидатот на ДУИ во случајот со она што се случи во Косово, во Бањско, каде тој зборуваше со гласот на Белград и гласот на Вучиќ и му покажуваше на Албин Курти како треба да дејствува на својата територија. Доколку ќе го слушаше Бујар Османи, Албин Курти денеска, Северот на Косово би бил анексиран. Но Албин Курти знае кого да го слуша, тој го слуша народот , тој го слуша народот кој го гласа, го слуша народот кој му ја даде мандатата”.
Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, изјави дека коалицијата „ВЛЕН„ се обедини за да го спречи злото и да ја гради иднината.

“Денеска се обединивме да им кажеме дека е дојдено нивното време, да ви кажеме дека сега како што се обединети, така треба да одат во опозиција. А тоа ќе се случи со гласање на број 6”, рече Касами.
Касами додаде дека сите знаат дека функционерите на ДУИ и нивните коалициски партнери со пари на граѓаните не градат стадиони, спортски клубови и академии, туку градат лични вили во заливот „Gjirin e Lalzit„ и на секој дел од крајбрежјето.

Таравари на средба со дијаспората во Берлин

Стотици сограѓани  го пречекале кандидатот за претседател Арбен Таравар во знак на поддршка за промената што ја вети коалицијата ВРЕДИ, соопштија од таму..

Таравари од овој централен собир со дијаспората истакна дека ниту еден политички процес не е направен без дијаспората бидејќи тие знаат да се сензибилизираат за да ја направат промената. Затоа, според него, нема дилема дека тоа ќе се докаже на 24 април и 8 мај.

„Немаше важен процес во Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење. Тетовскиот Универзитет беше невозможен проект без поддршка од дијаспората, исто така до формирањето на партијата која сега е на власт, како што сте сега посветени од дијаспората да ја смените истата партија. Двапати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број на луѓе од диаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена. Ние се приклучивме и го направивме нашето, вие продолжите да ја работите својата работа, да гласате за политичката ротација што треба да се случи во Македонија. На овој начин овозможуваме дел да се врати да живее Македонија. Можете да комуницирате со луѓето, да побарате да не поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“ – истакна Арбен Таравари на централниот митинг со дијаспората во Берлин.

Коалиција „Вреди“, составена од поддржувачите на Арбен Таравари, „БЕСА“ на Билал Касами, „Алтернатива“ на Африм Гаши и фракцијата на Изет Меџити, овие денови е во посета на дијаспората во централна Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Дијаспора

Верувам дека гледате и следите како набрзина се брише, се ништи, се што е македонско. Исчезнува придавката македонски пред институциите, ги менуваат топонимите, од соседите слушаме дека дека македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот

Игор Дурловски: Вечерва сум илјадници километри далеку од дома, но без чувство дека сум во туѓина!

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на...