Франција протера исламски проповедник затоа што мразел жени и Евреи

Франција протера исламски проповедник затоа што мразел жени и Евреи

пред 3 месеци

Француските власти вчера протераа туниски имам обвинет за проповедање омраза кон жените и Евреите, објави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин. Махџуб Махџуби, имам во малиот град Бањолс-сур-Сезе на југот на Франција, беше вратен во Тунис „помалку од 12 часа по неговото апсење“, рече Дарманин во објава на X.

Во официјалната одлука за протерување, се наведува дека во своите проповеди во февруари тој дал „ нетолерантна и насилна“ слика за исламот што поттикнува однесување против француските вредности, дискриминација на жените, „тензии со еврејската заедница“ и „џихадистичка радикализација“.

Имамот, исто така, „го нарече еврејскиот народ непријател“, се вели во пресудата,а повика на „уништување на западното општество“. Адвокатот на Имамот, Самир Хамрун, рече дека ќе поднесе жалба на протерувањето. Минатата година, Франција протера еден марокански имам и еден Алжирец, кои беа службеници во џамијата, која беше затворена во 2018 година.

Текстот Франција протера исламски проповедник затоа што мразел жени и Евреи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top