Барселона ќе бара преигрување на дербито со Реал Мадрид?

Шпанското „Ел Класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона заврши со домашно славје на „Сантијаго Бернабеу“ и „кралска“ победа од 3-2 изборена во дополнителните минути од судиското продолжение на второто полувреме.

Барселона прва поведе преку Кристенсен, следеше изедначување од белата точка преку Винисиус Џуниор, а потоа и спорна ситуација во 28. минута кога Лунин интевенираше од гол-линијата и не беше досуден гол, пред каталонците да стекнат ново водство преку Фермин Лопез, но и да ја испуштат предноста по головите на Лукас Васкез и Џуд Белингем.

Спорната ситуација по обидот на Јамал на средината на првото полувреме продолжува за биде тема на разговор во фудбалскиот свет, а се чини дека раководството на Барселона ќе оди и чекор подалеку по последната изјава на Жоан Лапорта кој најави жалба за преигрување на средбата.

„Не сакам да го пренесам само незадоволството на навивачите на Барселона поради лошото користење на ВАР, туку и го нагласам тој алат, кој и покрај тоа што постои одредено време изразува збунетост и спорни критериуми во зависност од клубовите кои играат.

Побаравме од судиската комисија да ни ги дадат сите фотографии и видео снимки за поништениот гол на Јамал. Ако дојдеме до заклучок дека е постигнат регуларен гол не се исклучува можноста дека ќе бараме средбата да се преигра“, изјави Лапорта.

Се вчитува...