Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

(видео)Бојан Кордалов во Топ Тема: Претседателските кандидати се уште се профилираат, соочени со фактот дека интересот е се помал

Каква реторика доминира во досегашната кампања за претседателските избори? Како дискредитацијата стана поважна од програмата на кандидатите. Колку е присутна црната кампања во обраќањата од говорниците на партиските бини.

Вечерва во Топ Тема дебата со комуниколозите Сеад Џигал и Бојан Кордалов.

„На површина има три клучни фази во кампањата до сега, претставување на кандидатите, привлекување на гласачите и критикување на противниците или противкандидатите. Тие многу брзо поминаа и сега се забрзува и критичката опсервација на конкурентот преминува во негативна кампања, а негативната кампања многу лесно се излизнува во црна кампања“, рече Сеад Џигал, комуниколог.

„Кандидатите и кандидатките се бараат, се профилираат се уште и се обидуваат да ја најдат страната која што повеќе ќе предизвика внимание соочени со фактот дека интересот е се помал заради тоа што ветувањата очекувањата се веќе познати и се истите на кои сведочиме наназад многу кампањи. Па во таква ситуација се тестира и се обидува со сите форма, да се биде промотивен кон себе, да се каже кои се квалитетите и в исто време да се биде досетлив како кандидатот или кандидатката од спротивните табори ги имаат своите слаби страни, па некои скриена полунавреда. Па потоа се обидува со директна навреда, се обидува да се исмева, па некоја финта да се продаде. Значи едноставно постојано во кампањите овие десет денови како да филтрираат и да се бараат себе си. Мислам дека има многу начини да се биде посебен, да се биде свој и да се каже она во кое што се верува. Седумтемина кандидати јавноста добро ги знае и нема нешто кое што ќе изненади“, Бојан Кордалов, комуниколог.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски го прозва Али Ахмети и ДУИ: Прави голема грешка со скандирањата УЧК, тоа носи разгорување на меѓуетничките односи

Дејан Дејан

Силјановска: Првиот натпревар го добивме, а вториот ќе биде уште поуспешен

Дејан Дејан

Столтенберг: Членките на НАТО доцнат со испорака на ветеното за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе