Продолжува растот на довербата во приватните пензиски фондови – Сава пензиски фонд еден од главните учесници  меѓу задолжителното капитално осигурување

од Vladimir Zorba

Сава пензиски фонд останува еден од главните учесници помеѓу задолжителните капитално финансирани пензиски фондови. Анализите покажуваат дека од вкупно 535.641 членови во вториот столб заклучно со 31.03.2024 година, речиси половината, своите средства ги уплаќаат токму во овој фонд  управуван од страна на Сава пензиско друштво. Дополнителен показател за покажаната доверба е и континуираното зголемување на бројот на членови, па така на пример, тој во последните 10 години е зголемен значително, односно од  137.411* членови на 31.03.2014, на – дури 232.246* членови со 31.03.2024 година.

Од периодот на почеток на функционирање на вториот столб има значително зголемување на вкупниот износ на нето средства за задолжителните пензиски фондови. Во 2006 –та година тој изнесувал  1.325* милиони денари, или 0,3% од БДП, а веќе со 31.03.2024 година- 135.206,52* милиони денари, односно  16,1% од БДП. Од оваа бројка, вкупниот износ на нето средствата  на Сава пензиски фонд на 31.03.2024 година изнесува 62.882,03* милиони денари. Иако нето средствата на приватните пензиски фондови бележат континуран раст, споредбата со другите земји покажува дека нивното учество во вкупниот БДП на државата е се уште релативно ниско. 

Од друга страна, приносот кој тие го остваруваат е на задоволително ниво. Според податоците објавени од страна на МАПАС- Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, од почетокот на функционирање на фондовите, заклучно со 31.12.2023 година кај задолжителните фондови бил остварен просечен номинален годишен принос од 5,23%*, додека кај доброволните фондови бил остварен просечен номинален годишен принос од 5,47%*.

Што се однесува до структурата на средства на Сава пензиски фонд, таа со 31.03.2024 година е поделена на следниот начин: Најголем дел, или 62,1%* претставуваат обврзници од домашни издавачи, инвестициските фондови од странските издавачи учествуваат со 21,5%*, акциите од странски издавачи со 7,9%*, депозитите чинат 3%* од вкупната структира, акциите од домашни издавачи исто така 3%*, а учеството на обврзници од странски издавачи е 1,8%*. 

Досегашното искуство покажа дека воведувањето на вториот столб има значајни позитивни импликации во градењето на одржлив пензиски систем на државата. Не само што се постигна поголема транспарентност во системот и поголема зависност од уплатите при проценка на износот и исплата на пензии, туку и подобра евиденција во системот и дополнителен принос на акумулираните средства на членовите.

Сепак,  демографскиот проблем во Р.С. Македонија станува се позначаен ризик фактор за одржливоста на пензискиот систем, што според познавачите на состојбите ја наметнува потребата од понатамошни реформи во оваа насока. Како можни решенија се предлагаат етапно зголемување на вкупната стапка на придонес за пензиско осигурување, постепено зголемување на стапката на придонес во вториот столб, финансирање на трансферите од Буџетот на Р.С. Македонија кон Фондот на ПИОСМ со индиректни даноци, зајакнување на III столб со колективни договори преку преговарање со синдикати и државата (вклучување на вработените во приватниот сектор во трет столб и издвојување на процент како придонес во ППШ, по примерот на К-15), преквалификација на дел од работната сила во земјата со цел намалување на невработеноста и надополнување на недостигот од работна сила во одредени сектори на пазарот на труд, како и увоз на работна сила од странство.

Меѓу препораките е и систем со пет столбови согласно препораките на Светска Банка. Основен би бил Нулти столбот- Минимален приход (flat income) минимален износ на социјални трансфери од Буџетот кој нема да го оптоварува Фондот на ПИОМ, а следни би биле I столб – Фонд на ПИОСМ, II столб-  Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (ЗКФПО),  III столб – Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (ДКФПО) и последниот-  IV столб – Дополнителните бенефиции за пензионери: бесплатно здравство, бесплатен превоз и сл.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

*извор: www.mapas.mk

Слични содржини