Митра и Слободанка го остварија своето право на глас во домашни услови, гласаат болните и изнемоштени лица

80 годишната Митра Арсова од штипската населба Железничка денеска го оставри своето право на глас во домашни услови. Гласаше за претседателските и парламентарни избори. Вели дека нејзината состојба налага таа да гласа на домашна адреса, но децидна е дека и претходно постојано го остварувала своето демојратско право на глас. Да излезат и да гласаат треба и младите, вели Арсова.

Во домашни услови гласаше и 76 годишната Слободанка. Во населба Железничка на домашна адреса го оствари своето демократско право на глас. Согласна дека сите треба да излезат и да гласаат.

„Секогаш сум гласала, треба да се гласа, и младите треба да гласаат.“ – вели Сободанка.

Во населба Железничка денеска гласаа три болни и изнемоштени лица во домашни услови. За утре има пријавено 731 гласач за претседателските и 733 избирачи за парламентарните избори. Се ичекува мирен изборен ден.

„По избирачки протест имаме тројца болни и изнемоштени лица и веќе за голем дел од нив е извршено гласањето. Зе еден избирачки список има 731 избирач, а за другиот 733“ – вели Арсов.

Граѓаните утре имаат право да гласаат на втор круг претседателски и парламентарни избори.

Лаура Стојанова М-Нет