Борусија Дортмунд го елиминираше ПСЖ и се пласираше во финалето на ЛШ! (Видео)

Борусија Дортмунд ќе игра во финалето од Лигата на шампиони во Лондон, откако во двата дуели од поуфиналната пресметка го елиминираше Пари Сен Жермен. Откако на првиот меч во Дортмунд, Борусија славеше со 1:0, вечерва на реваншот на „Паркот на принцовите“, германскиот тим повторно се радуваше со 1:0.

Матс Хумелс кој на првиот дуел го доби признанието за МВП на мечот, повторно беше херојот на Борусија, постигнувајќи го единствениот гол. Се играше 50 минута кога беше досуден корнер за гостите. Брант центрираше, а Хумелс со глава погоди од непосредна близина. На крајот се покажа дека ова беше клучниот момент на дуелот во Париз.

 

Борусија Дортмунд направи херојски подвиг и во двата меча со ПСЖ успеа да не прими ниту еден гол. И среќата беше на страната на германскиот тим, затоа што играчите на ПСЖ вечерва дури четири пати ги погодуваа рамките на голот и сите четири пати беа во второто полувреме. Во првите 15 минути од вториот дел два пати ја погодуваа стативата, а во финишот на дуелот два пати гаѓаа и во пречката.

ПСЖ останува да сонува за трофејот во Лигата на шампиони, а Борусија Дортмунд ќе игра во третото финале, а ќе се обиде да стигне до вториот трофеј. Милионерите беа на врвот на Европа во 1997 година, а во 2013 година играа во финалето кога загубија од Баерн Минхен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести