Тен Хаг кон новинар: Да си истражувал повеќе, ќе знаеше дека играме најатрактивен фудбал

Притисокот од ден на ден на Ерик тен Хаг, а неговиот Манчестер Јунајтед на четири кола до крај е само еден бод пред Њукасл на шестото место на табелата.

Многу разочарувања оваа сезона им приредија на своите навивачи играчите на Јунајтед, а Тен Хаг е цело време под „притисок“ аза негова смена.

Тен Хаг често потенцираше дека неговата екипа сака да игра брзо и динамично, но тоа ретко се случува. Тоа беше и темата на последната прес-конференција кога холандскиот стручњак беше изнервиран од однесувањето на еден новианар кој го праша за тоа дали тимот може да игра поатрактивно.

„Да си истражувал повеќе, би знаел. Би видел дека сме многу динамични и да играме напаѓачки. Само треба да си ја гледаш својата работа, а да си ја гледал би видел кој игра најатрактивен фудбал во Премиерлигата“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...