Не можеше поинаку: Димитријевиќ во тимот на колото во ВТБ лигата (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден перфектен натпревар за Уникс Казањ во кој со 40 поени, 9 асистенци и 6 скокови за индекс на корисност од 52 го предводеше својот тим до значајна победа против ЦСКА Москва.

А, блескавата партија не можеше да помине без Македонецот одново да го најде своето место во петорката на колото на силното руско првенство. Покрај Димитријевиќ тука има место и за неговиот соиграч Џајстон Рејнолдс, Антон Глазунов, Владислав Трушкин и Томас Етел.

Се вчитува...