logo
logo
logo

СЕ ОДРЖА ПРВАТА ВЕЧЕР

Music Awards Ceremony со признанија за најдобрите: Golden MAC за Констракта

Vecer | 26.01.2023

Music Awards Ceremony со признанија за најдобрите: Golden MAC за Констракта

Синоќа во белградската Штарк арена се одржа првата спектакуларна вечер од доделувањето на престижните награди Music Awards Ceremony 2023, која на едно место ги собра најголемите регионални музички имиња.

Домаќини на вечерта беа Јелена Гавриловиќ и Тончи Хуљиќ, а пред првото признание да отиде во рацете на Сајси МС која е прогласена за најдобра хип хоп песна, на сцената застана Сара Јо која ја отпеа најновата своја песна, а богами имаше и забележителен настап. Следуваше настапот на легендарните Рибља Чорба, кај чиј фронтмен замина наградата за кантавтор на годината. По легендарната рок група, пак, настапија Саша Матиќ и Јелена Розга, кои ја воодушевија публиката со својот дует, а го освоија признанието за соработка за темата „Ти и ја“.

Александра Пријовиќ ја доби наградата за најдобра народна песна, но со оглед на тоа дека е во Мајами, се огласи преку видео порака, додека нејзиниот кум Ацо Пејовиќ, кој ја отпеа „Поноќ“ и ја вжешти атмосферата, го доби признанието за изведувач на годината.

Признанието за најдобра алтернативна поп песна го доби Ники Турковиќ, за world music тема Зорја Пајиќ, а за најдобра рок песна Буч Кесиди. Саша Матиќ е лауреат во категоријата за регионален придонес во музиката, додека првото за меѓународен го доби Ана Ѓуриќ - Констракта. Втората награда за меѓународен придонес на Србија во музиката ја доби бендот Коикои.

Бора Ѓорѓевиќ ја доби наградата за животно дело MAC 2023, а оваа награда му ја врачи Ѓуле Ван Гог. Тончи Хуљиќ во еден момент го спомена и својот голем пријател Масимо Савиќ, кој беше дел од ова доделување во 2019 година, а за жал, повеќе не е меѓу нас.

Во категоријата најдобра поп песна од машки изведувач победи „Тишина“ на Џенан Лончаревиќ, а за најдобар концерт Петар Грашо. И можеби најголемото признание, наградата Golden MAC отиде во рацете  на Ана Ѓуриќ - Констракта.

Водители на втората вечер се Мими Мерцедез и Воајаж, додека присутните во Штарк арена, но и гледачите пред ТВ-екраните ќе ги слушнат и видат Џокераут бенд, Воајаж, Нучи, Теодора, Црни Церак, Лацку, Николија, Девито, Цоби, Зера, Милица Павловиќ...

Фото: Vecer.mk

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk