Поврзете се со нас

Шпанија

Крај на една ера: Капитенот на Атлетик си заминува од клубот после 20 години! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AthleticClub

Икер Муниан целата своја професионална кариера му ја посвети на Атлетик Билбао, но 32-годишниот шпански фудбалер сепак ќе направи исклучок и нема да го заврши своето фудбалско патување на „Сан Мамес“.

После цели 20 години минати во клубот, од кои 15 во првиот тим, Муниаин денеска објави дека ги брои последните месеци во Атлетик, односно дека ќе си замине по крарјот на оваа сезона.

– Ти беше најдоброто нешто во мојот живот, но сега, љубов моја, дојде време да се разделиме, – гласи најавата на емотивното видео, во кое Мунаин дополнително се обраќа.

– Пристигнав во Билбао кога имав само 12 години, како дете, а денеска после две децении, дојдов да го најавам моето заминување на крајот од оваа сезона по 15 години минати во првиот тим. Си заминувам среќен, го остварив и сонот да ја освојам толку посакуваната 25-та титула во Купот и да направиме нешто за што чекавме 40 години. Прославата беше неверојатна, заедништвото кое го покажавме фудбалерите и навивачите покажа дека сме навистина единствени и уникатни.

– Ова беше најтешката одлука за мене, но мислам дека е најдобра за мене и за Атлетик Билбао. Како што се вели една добра позната песна од Баскија: Дојде време да се разделиме, – гласи пораката на Муниаин.

Муниаин е втор играч со најмногу настапи за Атлетик во историјата (моментално 557), па јасно е дека ќе има многу емоции на „Сан Мамес“ кога ќе го игра прошталниот меч во месец мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни