Вести Економија Топ вести

Дел од фирмите се пожалија за застој во процесот за поевтина струја, Ковачевски тврди – договорите се склучуваат најбрзо што може

Нема никаков проблем, ниту пак застој во процесот со кој дел од бизнисот треба да добие поевтина струја од 80 евра за мегават час, тврди премиерот Ковачевски. Вчера, дел од фирмите се пожалија дека имаат доставено комплетна документација, а ЕСМ не им одговара навремено. Ковачевски тврди, дека договорите со ЕСМ Продажба се склучуваат во најкус можен рок.

Не постои никаков застој и не постои никаква селективност туку напротив постои интерес од страна на државата, компаниите коишто се дел од производството на основните прехранбени производи, основните и средните училишта што побрзо да се приклучат на овој пазар, со оглед на тоа дека таму цените двојно и повеќе од двојно пониски од берзанските цени и тоа најпрво ќе овозможи намалување на цените на прехранбените производи и второ, непречено одвивање на образовниот процес и здравствениот процес бидејќи и тие компании се преземаат од ЕСМ Продажба, рече премиерот.

Стопанствениците освен со струјата, проблеми имаат и со цената на останатите суровини за кои велат дека во моментот мируваат, но состојбата е неизвесна. Субвенционираната струја им се нуди за да ги поевтинат производите. Но, дел од производителите на масло не прецизираат дали може во следниот период да се очекува намалување на цената. Потенцираа дека во изминатиот период имало одредено намалување.

Досега, цената е намалена за речиси 40 денари и ние се трудиме и понатаму да ја намалиме и да ја донесеме ако можно до нивото од пред три години. Цената на нашиот производ најмногу зависи од сировината, а што се однесува до енергијата веќе 30% имаме инсталирано фотоволтаични централи коишто ги намалуваат трошоците за производство, до крајниот производ, рече сашо наумовски од „витаминка“.

Владата очекува од 1 декември да се намалат цените на храната. Скроен е планот како да се постапи, ако не се остварат тие очекувања. Согласно Законот за трговија ќе се носат мерки за замрзнување на цените, како и одредување на маржи. Пазарните инспектори ќе вршат контроли на цените на храната.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе