Новинарот Горан Момировски во „Еспресо со Златев и Боцевски“ откри ексклузивни детали за скандалот со украинскиот државјанин Александар Унишченко кој иако е на црните листи на повеќе западни земји, добил македонско државјанство.

Според Момировски, ова значи дека нашите служби, директно ја измамиле ЦИА, која ги претставува Соединетите Американски Држави каде што овој човек е на црна листа.

-На новинарката која го објави скандалот матична куќа и е Радио Слободна Европа, тоа е американски медиум. Информацијата ја имала повеќе од еден месец а сепак ја објавува во пробританскиот БИРН. Не можам точно да интерпретирам, но се работи за американски медиум, РСЕ е поддржано од американскиот конгрес… Проблемот е што овој случај е најголемиот срам за ЦИА, тоа што луѓето овде дале Александар Унишченко Кадиров да добие македонски пасош се директно поврзани со претставниците на ЦИА во Македонија. Видете што пишува за еден од луѓето кои го дале одобрението за државјанство а дефакто е кандидат за наследник на Виктор Димовски во АНБ, тој има обврска да комуницира со странските пријателски служби, тоа е во Македонија ЦИА, БНД, Ми6, француската тајна служба итн. Тој човек, од Куманово е, инаку кандидат на Ковачевски за шеф на АНБ, тој човек има обврска да комуницира со ЦИА која е претставник на државата која го ставила Унишченко на црна листа. Во нормална држава, во нормални околности, овие тројца кои го потпишале и биле инволвирани во процесот на потврдување на кандидатурата за македонско државјанство, денеска требаше да си дадат оставки и да си заминат од АНБ, како и шефот на ЦИА за Македонија кој сега ќе има сериозни проблеми поради нив. – рече Момировски.

Со Момировски дискутиравме и за состојбите во нашето новинарство, погледнете го целото интервју.