Поврзете се со нас

НБА

Едвардс: Никогаш не сум постигнал толку лесни поени…

Објавено

на

foto: twitter.com/relevo

Минесота Тимбервулс го зададе првиот удар во полуфиналната битка со Денвер Нагетс на Западот и тоа удар на теренот на актуелниот шампион.

„Волчицата“ направија брејк за кој најзаслужен беше фантастичниот Ентони Едвардс кој беше незадржлив со 43 поени на кои придодаде 7 скока и 3 асистенции.

-Едноставно се чувствував добро, тоа е главната работа. Моите соиграчи ме пронаоѓаа во лесни полагања, никогаш не сум постигнал толку многу поени, па затоа беше прилично забавно, -рече Едвардс кој многу го почитува Денвер.

-Изгубив од овие момци минатата година, тие се актуелни шампиони, тешко се победуваат… Тие го имаат најдобриот играч во лигата во Никола Јокиќ… Според мене, тие го имаат најдобриот играч во завршниците – Џамал Мареј, како и најдобриот тројкаш – Мајкл Портер. Имаме правилен менталитет, знаеме дека ќе има војна со нив. Играме натпревари во рамките на натпреварите, знаеме дека ќе имаа серија на поени, но мораме и ние. И само да се бориме, -додаде младата ѕвезда на „волците“.

И втората средба во оваа серија на игра во Колорадо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни