Германија
Агентот на Дејвис се жали: Не е фер ултиматумот кој го постави Баерн
Алфонсо Дејвис е поставен како приоритет од новиот спортски директор на Баерн кога се во прашање преговорите за нов договор, но Макс Еберл доста брзо постави и ултиматум со понуда „земи или остави“.
Германскиот великан е свесен дека Дејвис е на радарот на Реал Мадрид и се обидува да спречи непосакувано сценарио и повторувње на случајот „Давид Алаба“, но поставениот ултиматум од баварците не наиде на одобрување од луѓето кои го застапуваат фудбалерот.
Последната понуда на Баерн е вредна 14 милиони евра по сезона и од клубот побараа во најскоро можно време да се одговори на истата, но агентот на Дејвис сега информира дека тие ќе почекаат до крајот на сезоната.
– Не е фер да се извршуваат напади кон Дејвис. Бевме многу блиску до договор пред една година, но потоа се смени цел директорски тим и не слушнавме ништо од клубот цели седум месеци. Иако јас се обидов да го контактирам клубот во тоа време, немаше ништо од нивна страна.
– Сега клубот поставува ултиматум и бара од нас да одговориме во две недели, а со тоа се прави неблагодарен притисок. Сметам дека таквиот пристап не е фер. Следниот договор ќе биде најважен во кариерата на Алфонсо и ние не може да донесеме одлука без да знаеме кој ќе биде тренер следната сезона и како ќе изгледа тимот. Затоа сметаме дека ултиматумот не е фер. Ќе одлучиме како ќе продолжиме на крајот од сезоната, тогаш многу работи ќе бидат појасни, – вели Ник Хуосех.
-
НБАпред 22 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Шпанијапред 17 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 18 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 15 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Македонијапред 21 час
Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!
-
Италијапред 21 час
Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец
-
Англијапред 19 часа
Кулушевски доби најдобар можен роденденски подарок (Фото)