Пролетно чистење на домот според фенг шуи

Искористете го слободното време за да направите промени во вашиот дом.

Пролетта е период кога излегуваме од хибернација. Според древното учење фенг шуи, од исклучителна важност е да останете поврзани со природата и да се менувате заедно со годишните времиња.

Ова се неколку работи кои треба да ги направите во вашиот дом оваа пролет.

Фрлете ги непотребните предмети

Сега е времето кога треба да го средите нередот во вашиот дом, автомобилот и канцеларијата. Ставете ги на видливо место опремата за вежбање, извадете ја пролетната гардероба. Исчистете ја кујната, особено фрижидерот.

Избришете ги прозорците

Многумина од вас го занемаруваат чистењето на прозорците, меѓутоа овој мал чекор ќе направи голема разлика во вашиот дом.

Направете промени

Имате еден куп работи кои повеќе не ви се потребни? Подарете ги на пријателите или донирајте ги во некоја хуманитарна организација.

Средете ја градината

Побарајте креативни идеи како да ја уредите вашата градина, купете ново цвеќе и грижете се за зелените површини. Ќе се чувствувате многу подобро.

Погледнете под својот кревет

Креветот е симбол на нашата енергија, а многу често забораваме да го исчистиме. Откако ќе ја исчистите прашина под креветот ќе се подобри вашата енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e