Руте: Демонстрантите на Универзитетот во Амстердам ја преминуваат границата на дозволеното


Холандскиот премиер Марк Руте преку објава на Фејсбук ги повика демонстрантите во и околу Универзитетот во Амстердам да престанат со насилството врз полицијата и да предизвикуваат штета.


 „Настаните во и околу Универзитетот во Амстердам во изминатите неколку дена јасно преминаа одредени граници.


Демонстрациите се секогаш дозволени, но никогаш не е дозволено користење насилство врз полицијата и предизвикување штета. Престанете со ова!“, напиша Руте.

Според него, неоправдано е холандските Евреи да бидат обвинети за насилството во Газа и „тоа е форма на антисемитизам против која Холандија мора да продолжи да се бори јасно и гласно“.


Руте дополнително во понеделник ќе разговара на оваа тема со голем број организации на барање на Претставничкиот дом. „Антисемитизмот нема место во Холандија“, истакна холандскиот премиер.

паг/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА