Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ и соиграчите се загреваа по влечки, причината е неверојатна (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/nuggets

Лос Анџелес Лејкерс не дозволи нова засрамувачка „метла“ во дуелите со Денвер и успеа да остане во игра во плејоф серијата, намалувајќи на 1:3 со победата која ја оствари на домашен терен.

Леброн Џејмс и Антони Дејвис се погрижија „езерџиите“ да останат живи и да се надеваат на сензационален и историски пресврт, додека од друга страна гостите веруваат дека биле осудени на пропаст уште на стартот.

Колку и да звучи неверојатно, одговорницте луѓе од Денвер направиле неверојатен логистички пропуст, па голем дел од кошаркарите останале без својата целосна опрема и морале да тренираат и да се загреваат по влечки.

Добар дел од присутните во салата во прв момент мислеле дека се работи за потег со кој се покажува непочитување кон домашниот тим, но всушност Нагетси имале проблем со испораката на опремата и играчите останале без своите патики.

Затоа на загревањето голем дел од играчите биле по папучи, а оваа бизарна ситуација го налутила и тренерот Мајк Мелоун кој побара да не се повтори нешто слично.

– Ова што се случи пред мечот е далеку од идеално. Можеме да сфатиме дека дојде до пропуст, но треба да се потрудиме ова веќе никогаш да не ни се повтори, – изјавил Мелоун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни