Сослушани 14 сведоци, таткото на осомничениот за убиството на Данка му го откажал полномошното на адвокатот

by Fokus

Вишото јавно обвинителство во Зајечар досега сослуша 14 сведоци во постапката против Дејан Д и Срѓан Ј., осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Обвинителството за Танјуг потврди и дека утре како сведок треба да биде сослушан таткото на Срѓан Ј.

Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на Данка за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.

Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.

Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност.

Далибор Д., братот на осомничениот Дејан Д. почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде бил осомничен дека му помогнал на својот брат да го сокрие телото на двегодишното девојче.

Обвинителството во понеделникот го доби обдукцискиот извештај од Институтот за судска медицина во Белград.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставил во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Поврзани новости