Пендаровски: Македонија ќе биде напредна европска држава само ако заокружите број 1, не барајте понатаму на ливчето, другите не ви ја даваат оваа гаранција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва на митинг од општина Бутел порача дека слушал дека победникот на изборите ќе се знаел на 8-ми мај, што според него, не е точно.

„Немој да ве лаже таа помисла затоа што јас ви гарантирам дека, од моето долгогодишно политичко, животно и професионално искуство, на 24-ти април точно ќе се види кој ќе победи на 8-ми мај“, вели Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните дека е исклучително важно да се направи висока излезеност, масовна политичка мобилизација и да гласаат за бројот 1 уште на 24-ти.

„На таков начин, на 8-ми работата ќе ни биде олеснета. Гаранција имате дека Македонија ќе биде напредна европска држава само под услов да заокружите на двата избора број 1. Немој да барате понатаму на ливчето, другите броеви не ви ја даваат оваа гаранција“, вели Пендаровски.