Фенербахче на фајналфорот во Евролигата

Кошаркарите на турскиот претставник Фенербахче се пласираа на фајналфорот на Евролигата, откако на гостински терен и по продолженија го совладаа Монако со 80:79 (13:15, 22:25, 21:15, 14:15, 10:9) во петтиот натпревар од четвртфиналето, и со вкупна победа во серијата 3:2 се пласираше на завршниот турнир

Фенербахче на тој начин обезбеди можност да се бори за втората титула во Евролигата по онаа од 2017 година. Овојпат Монако беше многу блиску до пласман на завршниот турнир, но на крајот од регуларниот дел Ели Окобо промаши со звукот на сирената. Во продолжението, Ник Калатес погоди „тројки“ во низа на кои додаде клучна украдена топка за Фенербахче, кој стана првиот гостински тим кој победил на петтиот решвачки натпревар.

Најдобри кај Фенербахче беа Ник Калатес и Скоти Вилбекин со по 14 и Тарик Биберовиќ со 13 поени. Кај Монако се истакнаа Мајк Џејмс со 20, Донатас Мотијеунас со 16 и Ели Окобо со 15 поени.

Фенербахче во полуфиналето на фајналфорот ќе игра против Панатинаикос, а во вториот полуфинален меч ќе се сретнат Реал Мадрид и подобриот од дуелот Барселона-Олимпијакос.

Фајнлфорот ќе се игра од 24 до 26 мај во Берлин.