Висока корупција во изборот на комора за вештачење: Тест за Државната комисија за спречување корупција!

Коруптивното однесување на носителите на власта е штетно за државата и го јаде нејзиното здраво ткиво. Ги брка младите во туѓина, ја намалува довербата на граѓаните и нивната среќа. А зошто нема крај на злоупотребата на власта? Ова секако е милионско прашање! Секако дека одговорот ќе дојде во мај кога секој сегашен носител на власт, министер, директор, судија, обвинител ќе одговара пред лицето на правдата. Така, ќе одговараат и сите оние кои ги згазија сите одредби на Законот за вештачење и доведоа до незаконито однесување. Во министерството за правда, конкретно, ќе се прашаат сите оние кои од страна на министерот им била дадена довербата да ги координираат процесите на законит начин. Така, ќе се праша и Државниот советник Арбреша Селими, како станала државен советник и како правела пиши бриши со списоците за раководители и заменици на професионални одделенија, потоа Јетон Халили како ги извршувал задачите за време на основачкото собрание на Комората и за сите издадени лиценци за вештачење во негово време и после тоа, Марија Бриндевска која исто така била вклучена во одделни фази од процесот и други анонимци и не ги спомнуваме за да не се почувствуваат дека се легенди!

ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА! ЗАКОНОТ НЕ Е ИСПОЧИТУВАН! ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ Е МИНИСТЕРОТ КРЕНАР ЛОГА СИТЕ ОВИЕ СЛУЖБЕНИЦИ ДА ОДГОВАРААТ ДИСЦИПЛИНСКИ И КОНЕЧНО ДА НЕ ИМ СЕ ДОЗВОЛУВА И ПОНАТАМУ ДА МУ НАНЕСУВААТ ШТЕТА НА НЕГОВИОТ УГЛЕД И НА МИНИСТЕРСТВОТО ВО ЦЕЛИНА!

Но, да се вратам на клучното прашање: Како се создаде услови спротивно на Законот за спречување корупција да се избере претседател на Комората за вештачење лице кое има судир на интереси? Министере, Кренар Лога, вие сте магистер и затоа ако имате и 5 минути време прочитајте го член 44 став 5 од Законот за спречување корупција. И донесете одлука дали ќе барате да се поништи изборот на докторчето за претседател на Комората. Знам дека можеби малку ќе ви е непријатно бидејќи постојат индиции дека сте имале комуникација и пред изборот, но зачувајте си го образот и реагирате, што побрго тоа подобро!

Во натамошниот текст Ви презентирам текст од претставката доставена до Државната комисија за спречување корупција:

ПРЕТСТАВКА

На ден 24.01.2024 година, Министерот со акт бр. 21-360/1 врз основа на член 65 став 2 од Законот за вештачење (Службен весник на РСМ бр. 154/2023 година ги основа првите професионални одделенија. Виктор Исјановски вешто лице од Скопје се назначува за Раководител на професионалното одделение од областа на психијатријата.

Доказ: Известување

Согласно член 35 став 1 од Законот за вештачење, Управниот одбор го сочинуваат претседателот на Комората и раководителите на професионалните одделенија.

Значи, Виктор Исјановски, како раководител на професионално станува и член на Управен одбор на Комората за вештаци.

На ден 15.04.2024 година, се одржа Основачко собрание на Комората за вештаци и за претседател на Комората е избран Виктор Исјановски.

Согласно член 36 став 1: Претседателот на Комората истовремено е претседател на Управниот одбор, со мандат од четири години.

Со изборот на Виктор Исјановски за член на Управен одбор и претседател на Управен одбор на Комората за вештаци противправно овозможено е да се создаде кумулација на надлежности и функции кај Виктор Исјановски имајќи предвид дека истиот е именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Скопје ЦО Скопје.

Доказ:

Согласно член 44 став 5 од Законот за спречување корупција: Избрано или именувано лице и одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице со доминантен државен капитал не може да врши функција на член на управен одбор или на друг орган на управување во трговско друштво или друго правно лице што се занимава со дејност со која се остварува профит.

Согласно член 35 (5) од Законот за вештачење: претседателот и членовите на Управниот одбор, кои ја вршат својата работа во органите на Комората добиваат награда за истата, чија висина ја утврдува Собранието на предлог на Управниот одбор и не може да биде повисока од една просечна месечна нето плата исплатена во Република Северна Македонија во претходниот месец, а имаат право и на надоместок на реално направените трошоци, кои ги имале во врска со вршењето на функцијата.

Токму овој став од член 35 го поставува и прашањето дали е легитимна целокупната постапка за основање на Комората за вештаци и избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбор во време на изборен процес, затоа што овој избор е поврзан и со финансии. Во нормална држава оваа постапка ќе се прекине и ќе продолжи после одржување на изборите.

Барам, веднаш да постапите по наводите на претставката и согласно прекршувањето на значајни одредби од Законот за спречување корупција благовремено да донесете релевантна одлука.

Секако ќе се обратам и на претседателката на Државната комисија за спречување корупција. Претседателке реагирајте побрзо, верувам дека гледате како деновиве беше уапсена Вашата колешка од Црна Гора и со лисици беше изведена од нејзината канцеларија. Овие ветришта и овде ќе задуваат и затоа за да се намали штетата веднаш, ИТНО закажете седница и донесете правилна одлука со која ќе се отстранат овие неправилности кои ги пропишува Законот, а вие сте одговорна за примена на Законот за спречување корупција!

СТОП ЗА КОРУПЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА ВЕШТАЧЕЊЕТО!

СТОП ЗА КОРУПЦИЈА ВО ВЛАСТА!

ИТНА, ИТНА, ИТНА РЕАКЦИЈА НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА И НА МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес