ДНК ЈА ПРОДЛАБОЧИ МИСТЕРИЈАТА! Обвинителството доби нови вештачења за случајот со убиството на малата Данка Илиќ: Засега ниту една биолошка трага од автомобилот не е НЕЈЗИНА!

Високото јавно обвинителство Заечар денеска доби дел од резултатите од вештачењето на деловите од возилото на ПУК „Водовод“ за кое се сомнева дека во март во Бањско поле ја удриле двегодишната Данка Илиќ, неофицијално дознаваат српските медиуми од ова обвинителство.

– Во Вишото јавно обвинителство во Заечар пристигнаа првите ДНК вештачења од Националниот криминалистичко – технолошки центар во врска со случајот со исчезнатото девојче Данка Илиќ. 50 делови од автомобилот „фиат панда“ се испратени на вештачење, при што пристигнале резултатите од првите вештачења и на нив не била пронајдена ДНК на девојчето . Сепак, не завршува тука, се очекува резултатите од останатите вештачења да стигнат во наредните денови. Практично до сега е анализирано половина , а остана уште половина – вели изворот на српски Курир.

Како што дознаваат, одредени вештачења се прават и на Биолошкиот факултет во Белград, а тие резултати допрва се очекуваат во ова обвинителство.

Да потсетиме дека за убиството на Данка Илиќ осомничени се Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50), работници на ЈКП Водовод во Бор кои, како што се сомнева, прво го удриле девојчето со службеното возило, го удавиле, а потоа и го отстраниле нејзиното тело.

Потрагата по телото на Данка трае веќе 42 дена.