Вести Македонија Топ вести

Петров во „Топ тема“: Никој не го ставил на коцка македонскиот идентитет и јазик

Договорот со Бугарија и условувањето од Софија за евроинтегративниот пат на Македонија – меѓу главните теми во вечерашната Топ Тема. Претставниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги изнесоа своите ставови околу спорот на релација Скопје-Софија.

Според Андреј Петров од СДСМ, Бугарија не е таа што има проблем, туку Македонија. За него, најнедостоинствената работа е фактот што 150 илјади наши граѓани извадиле бугарски пасош. Петров верува дека доколку се смени уставот, земјата ќе почне да се движи по вистинската патека, мора да се внимава да не се понижува македонскиот идентитет.

„Никој не го ставил на коцка македонскиот идентитет и јазик што се потврди и со договорот на Фронтекс кој е потпишан чисто на македонски јазик. Многумина ме прашуваат што е различно од претходно. Различно е што и Бугарија и Грција го потпишаа и парафираа тој договор на јазикот кој е наш јазик и од кој ние никогаш не сме отстапиле“, изјави Петров.

Клековски тврди – ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја држи земјата во изолација и ќор-сокак, а попустливоста е грешка на македонската страна.

„Бугарите се инспирирани од нашето попуштање на Грција. Затоа што ние на Грците им дозволивме ограничување територијално и временски на концептот на етнички Македонец. Бугарите исто го бараат сега тоа, да територијално и временски се ограничи дека Македонци има само во оваа територија, и дека тој концепт постои од 44-та година“, изјави Клековски.

„Попустливоста на политиката не се мери по тоа како ја перцепираме јас или г-дин Клековски, или партиите. Се мери врз база на тоа каков е исходот од таа политика, и дали таа политика ќе доведе до подобро утре за граѓаните или до полошо утре за граѓаните. Моето мислење е дека ваквата политика која е проевропска, прозападна, не подразбира да се наведне глава зашто нема потреба да се наведне глава, никој од нас тоа не го бара“, изјави Петров. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе