Медицинска сестра од Канада седела до девојка која умирала во згмечен автомобил без да знае дека е тоа нејзината ќерка

Медицинската сестра Џејма Ериксон била повикана на лице место на сообраќајна несреќа во Канада и седела со тешко повредената девојка која била извадена од автомобилот и пренесена во болница, каде што починала. Девојката била непрепознатлива поради тешки повреди со кои се здобила.

Дури кога медицинската сестра се вратила дома на крајот на денот, ја пречекала полицијата и и рекла дека пациентката е нејзината 17-годишна ќерка Монтана.

 

Ериксон подоцна со солзи во очите им раскажала на новинарите за трагедијата. „Мојата ќерка беше успешна и амбициозна, страствена пливачка која планираше да стане адвокат“, рече таа со плачење.

 

На местото на несреќата со неа бил и пријател болничар кој раскажа дека до судирот дошло кога автомобилот во кој била младата девојка изгубил контрола и се судрил со камион кој доаѓал од спротивната страна.

 

Болничарот рекол дека возачот на автомобилот без проблем излегол од возилото но дека младата девојка била заробена внатре со сериозни повреди. Медицинската сестра Ериксон, без да знае дека тоа е нејзината ќерка, прва му пришла на возилото. Taa видела дека девојчето е во неволја и седела таму додека не била извадена и пренесена во болница со авионска брза помош, сè уште не знаејќи за кого станува збор.

 

„Кога му пријде на возилото, на нејзин ужас таа забележа девојче кое седеше во задниот згмечен дел на возилото, и таа реши да го одржува во живот за да може семејството да се збогува. Поради обемот на нејзините повреди девојчето било во непрепознатлива состојба. Џејма несвесно ја одржуваше својата ќерка во живот“, изјави нејзиниот колега болничар.

 

На враќање, таа му ја изразила својата тага и фрустрација на својот колега, велејќи дека веројатно девојката ќе почине и дека тоа ќе биде голем шок и загуба за семејството. Кратко време по пристигнувањето дома, се слушнало тропање на вратата. Тоа била полицијата која и соопштила дека девојката од сообраќајната несреќа е всушност нејзината ќерка.

 

Извор: Асошиетед Прес

Превод: новатв

Back to top button
Close