Гром ќе се залага за изградба на пет старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Од:

Денеска сме во посета на Старскиот дом ,,Мајка Тереза” во Скопје, кој работи во склоп на Геријатрискиот центар 13 Ноември – Скопје.

Старскиот дом Мајка Тереза е единствен државен старски дом во Скопје и згрижува само 75 лица. Во Македонија постојат само 4 државни старски домови од ваков тип: Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Берово со вкупен капацитет од 650 – 700 стари лица.

Македонија има итна потреба од 15 Старечки домови. Друг и многу сериозен е проблемот со Геријатриските центри. Во Македонија постои само еден Геријатриски центар во Скопје. Состојбата е алармантна земајќи во предвид дека младите луѓе масовно се иселуваат од државата и популацијата старее.
Старите лица мора да се згрижат.

Ќе инсистираме за нови 15 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри кои за почеток би биле во склоп на општите болници кои може да ослободат 30 – 40 болнички кревети за оваа намена, со што би имале и медицински третман.

При посетата разговаравме со раководителот на старскиот до г-дин. Драган Павлов и ги скениравме сите проблеми. Воедно го посетивме и штандот на рачни ракотворби на жените сместени во домот и купивме ракотворби со желба да се помогне на нашите драги сограѓани.

Би можело да ве интересира

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

Орце Костов

Андоновска: Ќе се залагам пензијата во едно семејство да не биде помала од 25 илјади денари

Д-р. Добрила Андоновска: Бујар Османи ја искористува позицијата министер за собирање на предизборни поени

(ВИДЕО) „Не продаваме ништо ниту пред избори ниту по избори“: ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР ја промовираа коалицијата

Орце Костов

Трагедија во гевгелиско Негорци – тинејџер загина од удар на гром

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Огромен гром во Канада удри авион во лет

Предраг Петровиќ