Connect with us

Фудбал

Мартинез доби два жолти картони, но не беше исклучен, еве зошто!

По големата драма, Астон Вила успеа да се пласира во полуфиналето од Конференциската лига на Европа. На првиот меч славеа со 2:1, а со истиот резултат во корист на Лил завршија регуларните 90 минути, но и двете продллжение на реваншот. Па, мораше да се изведуваат пенали. А, таму херој беше голманот Мартинез кој успеа да одбрани два пенали.

Меѓутоа тој на овој меч доби два жолти картони, но сепак не беше исклучен. Зошто е тоа така? Па, правилото во ваква ситуација е јасно. Со оглед на тоа дека Мартинез првиот жолт картон го доби во регуларните 90 минути, а вториот во пенал серијата кога провоцираше, тој слободно можеше да остане во игра, бидејжи жолтиот картон добиен во 90 минути игра, не важат во изведувањето на пенал серијата.