Top Sport

Легендарниот Кафу е пред банкрот

Поранешениот бразилски репрезентацивец и светски шампион, Кафу е принуден да ја продаде својата вила за да си ги исплати долговите и да избегне банкрот.

Според пишувањата на медиумите, Кафу има долг од 1,8 милиони евра, а за да го реши тој проблем неволно ја става на аукција вила во државата Сао Паоло.

Вилата е проценета на 7,4 милиони евра, а доколку не се продаде за таа сума, постои можност на крајот да биде продадена за половина од сумата.

Кафу не е најсреќен што мора да се откаже од вилата за кој вели дека е семејна предност, но се чини дека нема друг избор.

Вилата со имотот се простира на површина од 2.500 метри квадратни и има шест луксузно опремени спални соби, фудбалско игралиште, сауна, соба за трофеи, кино, лифт…

Scroll to Top