Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски пред „Ел Класико“: Подготвени сме да го победиме Реал

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона не успеа да дојде до посакуваниот резултат и пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа епизодата со Пари Сен Жермен мора да се заборави затоа што следува нов голем предизвик, битка со вечниот ривал Реал Мадрид во Примера.

Средбата е закажана за утре од 21 часот и каталонците ќе мора да го добијат овој меч ако сакаат да се надеваат, поточно да ги задржат шансите за титула во шампионатот. Реал има осум бода повеќе од нив што е навистина сериозна предност со оглед на тоа што остануваат уште седум натпревар вклучувајќи го и ова кола.

Токму затоа Барса ќе мора да притиска за трите бода кои се неопходни, но и кои не гарантираат дека нешто ќе променат до крајот затоа што и понатаму се ќе биде во рацете на „кралевите“,

-Ел Класико е секогаш посебен меч, не само за нас туку и за сите луѓе во светот. За сите кои го чекаат овој натпревар, се надевам дека ќе покажеме многу офанзивен фудбал за сите навивачите на светот и подготвени сме да го добиеме овој натпревар, -рече напаѓачот Роберт Левандовски кој верува дека екипата се движи во посакуваниот правец.

-Од една страна ја почитуваме неговата одлука [Чави] и сега сме фокусирани само за оваа сезона бидејќи знаеме дека е многу важна. Поправивме некои проблеми и предизвици што ги имавме и начинот сега е многу, многу добар и се уште се бориме, сè уште се обидуваме да победиме на секој натпревар и ќе се обидуваме да го направиме тоа до крајот на сезоната, -заклучи ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни