,,Моја гордост, моја десна рака!” – Драгана Мирковиќ гордо покажа како синот Марко ѝ помага на мајка си! (фото)

Најголема поддршка на пејачката Драгана Мирковиќ и’ се децата, а сега и самата пејачка на една социјална мрежа откри колку е горда на нив, и колку и’ значи нивната поддршка.

За разлика од неговата сестра Мануела, која е многу повлечена и го држи затворен профилот на Инстаграм, Марко има повеќе од 24.000 следбеници на оваа социјална мрежа и со нив споделува детали од приватниот живот.

Марко е страстен љубител на автомобили и „Формула 1“, па не е ни чудо што на неговиот профил често може да се видат слики од автомобили.

Но, младиот Бијелиќ сега објави фотографија од својот кабинет на која може да се види како работи на закажување на настапите на Драгана, со оглед на тоа што, како што објавија медиумите, тој ја води нејзината кариера по разводот.

Драгана веднаш возврати и го пофали наследникот со зборовите:

– Мојата гордост, мојата десна рака – напиша пејачката.

Синот веднаш и’ одговори на мајката со емотикони, а под нивната преписка продолжија да се појавуваат коментари: „Убав на мама, нејзината гордост, љубов и најголема поддршка во животот… чувај се за мајка си“, „Како актер си. Згоден и убав… како мајка ти“…