Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го разби Работнички во првиот меч од полуфиналната серија

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер му одржаа лекција на Работнички во првата средба од полуфиналната серија во Првата лига.

Гостите од Битола славеа со 86:63, резултат кој јасно кажува што се случуваше на пресметката во  СРЦ „Кале“. „Зелено-белите“ добија три од четирите четвртини со тоа што најголемата разлика ја направија во третиот период кој го реализираа со 26-12.

Петмина играчи на Пелистер беа двоцифрени, Планиниќ беше лидер со 16, Маслинко имаше 15, Мијовиќ 14, а резервистите Најт и Стојановски по 13 и 12 кошеви.

Најсветла точка кај поразените беше Рикиќ со 16 кошеви.

Пласман во финалето ќе обезбеди екипата која прва ќе дојде до три победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни